Мајнц му го нанесе првиот пораз на Менхенгладбах и тоа на негов терен

Екипата на Мајнц успеа да слави голема победа на тешкото гостување во Менхенгладбах против Борусија, во натпревар во кој домашниот тим беше фаворит. Меѓутоа откако остана со играч помалку во 53. минута, Менхенгладбах знаеше дека ќе му биде тешко да дојде до победата, а тоа го искористи гостинскиот тим на Мајнц.

Мартин во 55. минута го постигна голот вреден победа од слободен удар, кој го внесе тимот на Мајнц меѓу првите пет на табелата во Бундеслигата.

Борусија М. стигна до гол во 87. минута, но беше поништен поради офсајд. Имаше шанси и во 65. минута, но не го најде патот до голот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...