Мајнц обезбеди опстанок, Борусија Менхенгладбах на чекор до ЛШ

Баерн Минхен со нов триумф над Фрајбург (3-1) докажа дека заслужено е старо-нов шампион на Германија, Мајнц успеа да обезбеди опстанок со победата над Вердер (3-1), а Борусија Менхенгладбах славеше на гости (1-3) против Падерборн и по „киксот“ на Баер Леверкузен во Берлин е на чекор до пласман во Лигата на шампионите.

Борусија Дортмунд со двата гола на Ерлинг Халанд оствари триумф на гости против Лајпциг, а Хофенхајм беше убедлив против Унион Берлин.

Роберт Левандовски со два гола и Џошуа Кимих кој го постигна првиот погодок беа творци на триумфот на Баерн Минхен против Фрајбург од 3-1. За гостите погоди Холер.

Мајнц оствари клучна победа против Вердер и го сочува настапот во елитниот ранг. Кваизон, Боетиус и Едимилсон беа стрелци на головите за Мајнц на овој меч.

На Борусија Менхенгладбах по триумфот (1-3) над Падерборн и е потребна победа дома против Херта за да го трасира патот во квалификациите за Лигата на шампионите. Токму Херта со победата над Баер Леверкузен од 2-0 значително ги намали шансите на „фарамацевтите“ за настап во елитното европско клупско натпреварување.

Резултати Германија: Баерн Минхен – Фрајбург 3-1, Фортуна Диселдорф – Аугсбург 1-1, келн – Ајнтрахт Франкфурт 1-1, Херта – Баер Леверкузен 2-0, Хофенхајм – Унион Берлин 4-0, Мајнц – Вердер 3-1, Падерборн – Борусија Менхенгладбах 1-3, Лајхпциг – Борусија Дортмунд 0-2, Шалке – Волфсбург 1-4.

Се вчитува...