Мајорка не го надигра, но го совлада Алавес за важни бодови за опстанок (ВИДЕО)

Мајорка вечерва незаслужено го совлада тимот на Алавес со 2-1. Домашниот тим практично со два удари кон голот на противникот, стигна до победата, а не доминираше во ниту еден сегмент: ниту во шансите, ниту во играта, ниту во поседот. Меѓутоа, на крајот, Мајорка ги освоји можеби најважните бодови за опстанок во првенството.

Мечот почна со поништен гол на Лехуене поради игра со рака, и тоа после прегледот на ВАР. Пратс донесе 1-0 во 11. минута за Мајорка, а Муричи зголеми на 2-0 во судиското надополнување од првиот дел.

Во вториот дел Алавес се обиде да се врати во игра, но се што направи е почесниот гол во 73. минута, односно автогол на Раилјо само за ублажување на поразот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...