Мајорка ремизираше со Леганес … Трајковски без минутажа (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски не беше дел од тимот на Мајорка во ремито против Леганес 1-1 во 30. коло во шпанската Ла лига.

Домаќините поведоа со 1-0 уште на самиот старт од мечот со голот на Салва Силва во 9. минута од натпреварот. Мајорка одолеваше на нападите на Леганес се до 87. минута кога Оскар ги постави конечните 1-1. Мајорка со освоениот бод останува во зоната на испаѓање со 26 бода на 18. место, додека Леганес е последен со 24 бода.

Во вториот натпревар од терминот од 19:30 часот во директна борба за пласман во Лигата на Европа, Вилјареал со минимални 0-1 ја совлада Гранада. Херој за „жолтата подморница“ со која и побегнаа на Гранада во директната борба за Европа беше Морено во 11. минута.

 
Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...