Мајстор за удари од 11 метри: Куртоа го одбрани третиот пенал по ред

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа вчера успеа да му одбрани пенал на Лионел Меси за време на натпреварот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Белгискиот голман со тоа го спаси својот тим од негатива во 62. минута, меѓутоа во финишот прими гол од Мбапе и така „капитулираше“ иако ќе беше прогласен за играч на натпреварот ако Реал Мадрид останеше непоразен.

За Куртоа ова е трет одбранет пенал по ред откако успеа да ги одбрани и пеналите на Валенсија во Ла Лига и на Атлетико Мадрид во шпанскиот Супер-Куп. Куртоа им фати пенали на Гуедес и на Раул Гарсија.

На голот на Реал Мадрид, Куртоа одбрани пет пенали од 24 досудени против него, додека еднаш противникот утна.

Се вчитува...