Мајстории на Меси… Барселона си поигра со Бока јуниорс (ВИДЕО)

Барселона на свој терен славеше со 3-0 против Бока јуниорс во последниот подготвителен меч пред стартот на новата сезона.

Барса традиционално пред почетокот на сезоната игра натпревар на „Ноу Камп“, а овој пат со еден од најславните аргентински клубови.

Каталонците до предност дојдоа во 18. минута кога на одличен начин погоди Малком. Во самиот финиш од првото полувреме домашните зголемија со извонредниот лоб-погодок на Лионел Меси.

На полувремето Валверде направи бројни промени во составот, но ниту тоа не и сметаше на Барселона да постигне и нов гол за конечни 3-0 преку Рафиња во 67. минута…

Се вчитува...