Мајсторија на Андерсон – Јунајтед во нокдаун за само пет минути (видео)

Манчестер јунајтед по само пет минути игра се наоѓа во негатива на гостувањето против Вест хем, уште една потврда за кризата во која се наоѓаат „црвените ѓаволи“.

Мурињо повторно експериментира, па Алексис Санчез и Лингард воопшто не допатуваа со тимот во Лондон,а почетокот беше кошмарен за најтрофејниот англиски клуб. Забалета втрча во празен простор по десната страна и одлично го проигра Фелипе Андерсон, по што поранешниот фудбалер на Лацио со мајсторски удар го совлада Де Хеа.

Останува да се види реакцијата на јунајтед во преостанатиот дел од мечот, во кој избраниците на Мурињо ќе сторат сее за да направат пресврт.

Се вчитува...