Мајсторија на Јевтоски, Струга ТЛ го „растури“ Башкими за едно полувреме (ВИДЕО)

Струга ТЛ речиси сигурно ќе дојде до нова победа во ПМФЛ, откако по првиот дел води над екипата на Башкими со 3-0. Кумановскиот тим не знае што му се случува по првите 45 минути, и прими три гола, и е на добар пат да запише уште еден пораз.

После двете супер шанси за Струга ТЛ кои останаа неискористени, во 24. минута Буњамин Шабани по одличното додавање на Радески, успеа да го совлада Стојковски и да донесе водство.

На вториот гол се чекаше 13 минути, откако по добиена топка на Фал од левата страна, Малески го совлада Стојковски.

Три минути подоцна нов гол во Струга ТЛ и најубавиот момент на средбата. Изведен корнер од десната страна, топка на 17-18 метри до Јевтоски кој директно со волеј упати прецизен удар во голот на Башкими за предност на домашните од убедливи 3-0.

Се вчитува...