Мајсторија на Нејмар за нова победа на ПСЖ

Нејмар долго време беше во војна со сите во ПСЖ, но откако не му се реализираше трансферот во Барселона овој голгетер повторно го прави она во што е најдобар – тресење на противничките мрежи.

Откако минатата седмица постигна еврогол со ножички во судиското продолжение, Бразилецот беше во главна улога и на денешното дерби со Лион. „Светците“ славеа со 0-1 на „Жерлан“, а човек на одлука беше токму Нејмар, кој со прекрасен погодок во 87. минута го скрши отпорот на домашната екипа.

Во ситуација кога Мбапе и Кавани се повредени, Нејмар дефинитивно одлично се снаоѓа во улогата на лидер на нападот на францускиот првак.

Се вчитува...