„Мајсторката“ меѓу Реал Мадрид и Партизан ќе се гледа и во САД

Во среда од 20.30 часот во Мадрид, кошаркарите на Реал и Партизан ќе ја играат „мајсторката“ во Евролигата. Победникот од тој меч ќе се пласира на фајналфорот од ова натпреварување кој ќе се игра во литванскиот Каунас.

Одлучувачкиот натпревар од една од најгледаните серии во историајта на Евролигата ќе се гледа и во Соединетите Американски Држави.

Евролигата и телевизиската мрежа ЕСПН објавија договор според кој најелитното европско кошаркарско натпреварување во иднина ќе се следи и „преку барата“.

Првите натпревари кои ќе се емитуваат во Америка се: Реал – Партизан, Монако – Макаби и Олимпијакос – Фенербахче, а договорот важи цела 2023/24 година.

Договорот со ЕСПН е уште еден чекор во стратегијата на Евролигата за проширување на границите надвор од Европа, што не е чудно ако се знае дека суперѕвезди како Лука Дончиќ, Богдан Богдановиќ или Пау Гасол своевремено беа дел европско клупско натпреварување.

Се вчитува...