Мајсторски гол на Миовски за реми на МТК на стартот од унгарскиот шампионат (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски извонредната форма од подготвителниот период ја пренесе и на стартот на новата сезона во унгарскиот шампионат.

Во 1. коло од Првата лига на Унгарија, МТК ремизираше (1-1) на гостувањето против Ѓирмот, благодарение само на извонредниот погодок на македонскиот фудбалер.

Миовски во 54. минута постигна мајсторски гол за 1-1, откако домашните поведоа со погодок во 27. минута.

Претходно, Бојан Миовски постигна и два гола дополнети и со четири асистенции низ подготвителните дуели на МТК ова лето.

22-годишниот Миовски се очекува да се најде на списокот на новиот македонски селектор Благоја Милевски за септемвриските квалификациски натпревари за пласман на СП 2022.

Се вчитува...