Мајсторски соло-продор на Чурлинов, направи се сам за голот на Шалке 04 (ВИДЕО)

Шалке 04 има предност од 1-0 на полувремето против Нирнбер во дербито на Втората германска лига, благодарение на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.

Погодокот на Холанѓанецот Томас Увејан во 20. минута е дело само на Чурлинов кој направи буквално се за погодокот на соиграчот.

Македонскиот репрезентативец низ мајсторски соло-продор мина двајца противнички дефанзивци, шутираше откосо а Увејан само рутински одбинета топка од противничкиот голман ја смести во мрежата…

Чурлинов се врати, по повредата, во првиот тим на Шалке 04.

Се вчитува...