Мак-дербито во Бундес-лигата за Филип Кузмановски

Филип Кузмановски со Хановер славеше неочекувано лесен и убедлив триумф во македонската пресметка во Бундес-лигата, на гостински терен против Жарко Пешевски и Штутгарт (22-34).

Беспрекорниот напад беше главна одлика на Хановер на овој меч, Кузмановски и соиграчите лесно го наоѓаа патот до мрежата на домашните голмани, на крајот заслужено радувајќи се на победата. По 30 минути игра резултатот гласеше 14-18, за гостите во финишот целосно да го скршат отпорот на Штутгарт и да стигнат до двоцифрен триумф.

Филип Кузмановски постигна еден гол во овој триумф на Хановер, додека на спротивната страна Пешевски двапати стрелаше прецизно во мрежата на гостите.

Се вчитува...