„Мака ми е од Надал, тој претставува непријателска држава“

Не се сите информации позитивни кои доаѓаат од Шпанија по повод освојувањето на титулата на Австралија опен на Рафаел Надал. Твитот на функционерот на Барселона кој е потпретседател на фондацијата, Алфонсо Годала предизвика голема бура во јавноста.

Се работи за човек кој беше потпретседател на Барселона во времето на првиот мандат на Жоан Лапорта. Тој вели дека му е мака од Надал бидејќи претставува туѓа земја, мислејќи на Шпанија.

„Мака ми е од Рафаел Надал од првиот ден. Го ставам во ист кош како репрезентацијата на Шпанија, Реал Мадрид, Фернандо Алонсо и се што претставува непријателска држава“, напиша Годала. 

Се вчитува...