Макаби подобар од Фенербахче за крај на регуларниот дел од сезоната во Евролигата

Макаби Тел Авив славеше на домашен терен над турскиот Фенербахче со 85-76 во последниот натпревар во регуларниот дел од сезоната во годинашното издание на кошаркарската Евролига.

Еден натпревар кој три и пол четвртини беше во егал, Израелците клучната разлика ја направија во последните пет минути кога се одвоија и успеаја да го скршат отпорот на противникот.

Најдобар поединец во победничкиот табор беше Нанали со 19 поени, додека кај поразените Букер заврши со 14 поени.

По овој меч познати се и паровите во четвртфиналето: Барселона – Баерн Минхен, Олимпијакос – Монако, Милано – Анадолу Ефес и Реал Мадрид – Макаби Тел Авив.

 

 

Се вчитува...