Макаби со пресврт во вториот дел до триумф против Панатинаикос

Кошаркарите на Макаби ја запишаа својата 11-та победа во 15. коло до Евролигата триумфирајќи пред своите навивачи со 88-79 против грчки Панатинаикос.

И покрај тоа што Израелците имаа очаен старт на мечот, губејќи ја првата четвртина со 13-29, сепак брзо се вратија во вториот период за 43-46 на полувремето. Во второто полувреме рамноправна игра во третата четвртина и пеколен финиш на Макаби во последниот период од играта за конечна победа.

Скоти Вилбекин беше најдобар кај домашните со 23 поени и четири скока, а Тајлер Дорси мечот го заврши со 16 поени. Во редовите на Панатинаикос се издвои Томас со 24 постигнати поени.

 

Се вчитува...