Макаби веднаш до брејк против Монако

Плејоф натпреварувањето во Евролигата почна со брејк, откако Макаби на гостински терен го совлада Монако со убедливи , резултат со кој израелскиот гигант само ги потврди амбициите по неколку години пауза да се врати на фајналфор турнирот од елитното европско натпреварување. Монако ја имаше предноста на домашен терен во пресрет на оваа серија, но „кнезовите“ целосно потфрлија со шутот од далечина, погодувајќи само четири тројки од вкупно 26 обиди.

Монако успеа да парира во првото полувреме, но пресуден беше фуриозниот старт на Макаби на вториот дел, во кој Израелците набрзина стигнаа до двоцифрена предност. Монако се обиде да се врати, но домашните кошаркари промашија и бројни слободни фрлања, по што камбекот стана невозможна мисија, а Макаби заслужено се радуваше на победата.

Џејмс и Диало постигнаа по 15 поени за домаќините, додека најзаслужни за победата на Макаби беа Вејд Болдвин со 20 поени, 6 скока и 6 асистенции и Лоренцо Браун со 15 постигнати поени.

Се вчитува...