Маката и потта се исплатија: Куманово со тешка победа над дебитантот Ангели

Куманово на домашен терен забележа тешка победа над дебитантот Ангели од Скопје, но маката и потта на крајот се исплатија за големо славје и задоволство на домашната публика (73-64).

Дебитантот во првата кошаркарска лига покажа „заби“ уште на почетокот од овој двобој, со одлична одбрана и брз проток на топката успеа да го неутрализира домашниот тим, па по првата четвртина резултатот беше нерешен 17-17. Со израмнета игра и кош за кош се продолжи и до крајот на првото полувреме, па на пауза се замина со минимална предност на домаќините (36-34).

Во третата четвртина домаќините полека но сигурно ги земаа работите под своја контрола, па со нешто повисока реализација и подобра одбрана успеаа да направат разлика од 20-14. До крајот на натпреварот „жилавите“ гости ја загубија концетрацијата и силата, а тоа значеше вредна победа за тимот од Куманово.

Џонатан Холмс со 16 поени го предводеше домашниот тим на Куманово, кај гостите се истакна Аула Сумбри со 18 поени.

Се вчитува...