Макбаскет атракции во режија на Абу, Маслинко и Кук (ВИДЕО)

Првиот натпревар од финалната серија во македонското кошаркарско првенство донесе очекувана победа на МЗТ Скопје над Пелистер за одбрана на домашниот терен и предност од 1-0 во натпревар во кој „штрковите“ имаа целосна контрола уште од втората четвртина.

А, натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ го одбележаа и неколку одлични потези во изведба на Малик Абу, Андреј Маслинко и Кеандре Кук кои имаа атрактивни забивања кои уште долго ќе се вртат по најавните шпици.

Се вчитува...