Македа: Ова не е време да размислувам за Вардар…

Хорхе Македа се мачи во изолација во Сегед, особено ако се земе во предвид дека Шпанецоти играше во одлична форма за унгарскиот вицепрвак. Тој во осминафиналето од ЛШ треба да се сретне токму со Вардар, но десниот бек воопшто не размислува за пресметките со својот поранешен клуб.

„Искрено, мислите не ми се насочени кон ракометот. Ова не е време да размислувам за Вардар, сите ние сме фокусирани само на тоа да останеме здрави и да го победиме коронавирусот. Кога ќе биде донесена одлука за враќање на тренинзи ќе се насочиме кон ракометните предизвици. Ова беше добра сезона за мене и за Пик Сегед во моментот на прекинот, но во моментот натпреварувањето е на второ место“, истакна Македа.

Овој ракометар на крајот од сезонава ќе ги промени клупските бои, селејќи се во унгарскиот гигант Веспрем.

Се вчитува...