Македонец даде 13 гола на фудбалски натпревар во Германија

Фудбалер со македонски корени, викендов се прослави во Германија, што дури неговата приказна ја имаше и на реномираниот „Кикер“. Станува збор за 21-годишниот Александар Стоилов, кој што со неговиот тим Македонија Штутгарт во една од општинските Лиги во Германија постигна неверојатни 13 гола во победата од 17-0 над Шлуслихт Германија Дегерлохт. Десет гола дал за едно полувреме.

„Нашиот трeнер Живко Колев сакаше да ме смени на полувремето. Ми рече дека е доволно 10 гола. Но јас сакав да продолжам и на крајот постигнав уште три. Сепак, во вториот дел ме чуваа и двајца и тројца противнички играчи, и ме спречија да постигнам повеќе голови“, вели Стоилов, пренесува „Кикер“.

Тој истакна дека сака да стигне до бројка од 100 гола во една сезона.

Но, ова не е рекорд на Стоилов на еден натпревар. Пред две години тој постигнал дури 15 гола на еден меч, во победата од 21-6 против Туркспор. За малку викендов го пропуштил овој рекорд, иако имал шанса да дојде до поголема бројка.

Стоилов напоменува дека во тимот игра со уште тројца братучеди, вујко му е помошник тренер, а тимот е составен од играчи со македонски корени.

Се вчитува...