Македонец е стрелец на најубавиот гол во 2021 во Казахстан (видео)

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Давид Атанаскоски, е стрелец на најубавиот гол во 2021 година во шампионатот на Казахстан.

Атанаскоски, кој во минатото настапуваше за Академија Пандев и за Македонија ЃП, сега со успех го носи дресот на Шахтар Караганди, за кој постигна фантастичен погодок против Тобол.

Македонецот извонредно ја закачи топката со левата нога од триесетина метри, сместувајќи ја маестрално во горниот агол од голот на противникот, погодок што оправдано беше избран за најубав во казахстанскиот шампионат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ФК «Шахтер» (@shakhterfc)

Се вчитува...