Македонец во ЛШ: Емил Божиновски контролор на судењето на мечот Бенфика – Баерн Минхен

Најквалитетното европско клупско натпреварување во фудбал, Лигата на шампионите, од утре повторно ќе носи возбуда ширум Европа, а во недостиг на фудбалери од Македонија кои ќе учествуваат, можеме да се пофалиме дека ќе имаме претставник во Емил Божиновски, комесарот за судии при ФФМ. Тој ќе биде контролор на судењето на натпреварот меѓу Бенфика и Баерн Минхен, кој в среда ќе се одигра во Лисабон.

Божиновски беше активен во европскиот фудбал изминатиот период. Тој беше контролор на судењето на натпреварот од Лигата на нации меѓу Словенија и Бугарија, како и на дуелот Динамо Киев – Ајакс. В среда тој ќе биде контрола на судењето на стадионот „Луж“. Натпреварот меѓу Бенфика и Баерн Минхен ќе го суди Антонио Матеу Лахоз од Шпанија, а ќе му помагаат сонардониците Пау Себриан Девис и Роберто дел Паломар.

Се вчитува...