Баерн Минхен без никакви проблеми славеше во 1. коло од Купот на Германија против нисколигашот Дурен, во чии редови настапува и Македонецот Ѓорѓи Антоски.
Баварците триумфираа со 0-3, пласирајќи се во следната рунда натпревари во најмасовното германско клупско натпреварување. Славеа со два гола на новата аквизиција Чупо-Мотинг и еден погодок на Милер од пенал.
stunning second goal by Eric Maxim Choupo-Moting Super But Gol pic.twitter.com/FZlQbGuWOU
— GabrieleDeGiorgi (@GabrieleDeGior8) October 15, 2020
Ѓорѓи Антоски настапи до 54. минута на натпреварот во дресот на Дурен, чувствувајќи ја моќта на германскиот и европски шампион кој настапи во комбиниран состав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА