Македонецот побегна од Ерменија: Војна е, морав да си заминам…

Македонскиот фудбалски интернационалец Ристо Митревски се најде во непосредна близина на „воената зона“ при конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан. Сосема очекувано, нашиот фудбалер реши да го скрати својот престој во Ерменија и го раскина договорот со Алашкерт.

„Поради воената состојба што владее во Ерменија решив спогодбено да го раскинам договорот што го имав со Алашкерт. На клубот му посакувам се најдобро во иднина, се надевам дека оваа ситуација наскоро ќе се реши на мирољубив начин“, порача Митревски.

Ристо Митревски во својата кариера има настапувано и за Сарајево, Доњи Срем, Истра, Хапоел Хаифа, Енозис, а од македонските клубови го има носено дресот на Работнички, Металург, Тетекс, Победа и Напредок.

Се вчитува...