Поради повреди, Македонија утре без двајца фудбалери ќе настапи на пријателскиот меч против Летонија кој се игра утре на Националната Арена „Тодор Проески“ со почеток во 18:00 часот.
Селекторот Благоја Милевски нема да смета на Висар Муслиу и на Јани Атанасов поради повреди, но е непознато дали двајцата ќе бидат во комбинација за мечот против Велс во квалифкациите. Претходно беше познато дека Македонија ќе биде и без услугите на Езѓјан Алиоски.
„Се уште не знам дали сите ќе бидат на располагање, тоа ќе го видиме после денешниот тренинг. Атанасов и Муслиу нема да конкурираат за утрешниот меч, а сите остнаати се надевам ќе бидат во комбинација и после тренингот“, рече Благоја Милевски на денешната прес-конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

