Македонија без Бејтулаи и Муслиу на дуелот во Талин против Естонија

Македонската репрезентација ќе биде без двајцата централни дефанзивци Егзон Бејтулаи и Висар Муслиу, кои го стартуваа синоќешниот натпревар против Косово, на натпреварот против Естонија во 3. коло од Ц лигата на нациите кој се игра на 11. октомври во Талин.

Бејтулаи се повреди на натпреварот против Косово па беше заменет на почетокот од второто полувреме. По денешните детални лекарски анализи, утврдено е дека дефанзивецот на Шкендија ќе мора да паузира во следните две недели поради што ќе ги пропушти следните два октомвриски репрезентативни натпревари против Естонија и против Грузија на 14. октомври во Скопје.

Висар Муслиу, пак, ќе мора да го пропушти натпреварот со Естонија поради заработениот црвен картон на дуелот со Грузија во Тбилиси минатиот месец, но ќе биде повторно на располагање на селекторот Игор Ангеловски за натпреварот со Грузијците во Скопје.

Се вчитува...