Македонската ракометна репрезентација ја очекуваат последните две кола од квалификациите за ЕП 2026 година против Естонија и против Литванија, за пласман на собирот на најдобрите европски селекции.
Кирил Лазаров денеска на собирот ќе биде без Мартин Велковски. Тој се најде на листата повредени, не играше за Алкалоид во дуелот со Вардар, а ќе ги пропушти и последните два меча во квалификациите.
На таа позиција Лазаров сега ќе треба да одлучува помеѓу Кузмановски и Ивановски, кои останаа единствени централни бекови.
Засега не е познато дали селекторот ќе повикува негова замена, или подготовките ќе ги продолжи со 20 ракометари, од повиканите 21.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА