Македонија чекор поблиску до дуел со Чешка – Реми на полувреме на гостувањето кај Романија

Македонија по првото полувреме во Букурешт има израмнети 12-12, 30 минути во кои нашата селекција целосно го контролира резултатот и ги чува оние „плус осум“ од првиот дуел во Скопје.

Кире Лазаров за разлика од првиот меч овојпат стартуваше од првата минута, заедно со Талески и Кузмановски во бековската линија, Пешевски на пивот, Георгиевски и Ојлески на крила и Никола Митревски на голот.

Македонија во раната фаза од мечот поведе со 1-2, принудувајќи го Чави Пасквал експресно да тргне со „седум на шест“. Митревски влезе во одличен ритам, а на спротивната страна од полуконтра погоди Атанасијевиќ, за својот прв гол за А-селекцијата. Романците почнаа да брзаат, а Македонија знаеше како да го искористи тоа и преку Кузмановски и Атанасијевиќ поведе со 2-5.

Романците се приближија на 5-6, но Чави Пасквал беше незадоволен, па на половина од првото полувреме го побара и својот прв тајмаут на мечот. При резултт 7-7 на голот на Македонија застана Томовски, кој експресно блесна со одбрана на цепелин на Романците. Нашите ракометари повторно добија на сигурност во нападот, пасо погодоот од крило на ГоцеГеоргиевски се вратија на најубедливите „плус три“ (7-10).

Романците пред крајот на полувремето успеаја да се вратат, на одмор заминувајќи со израмнети 12-12. Кузмановски, Георгиевски и Атанасијевиќ со по два гола се најефикасни во нашиот тим, а Томовски и Митревски заедно забележаа четири одбрани. Кај Романците дури четири играчи имаат по два гола (Илие, Кумпаничи, Ракотеаи Ротару).

Се вчитува...