Македонија денеска ги дознава противниците за ЕП 2020

Македонската ракометна репрезентација денеска од 18:45 часот преку ждрепката во Виена ќе ги дознае противниците за Европското првенство 2020.

Македонија се наоѓа во вториот шешир при ждрепката за групите од ЕП 2020. Нашиот национален тим сигурно нема да биде дел од групите Ц и Д, кои ќе се играат во Трондхајм. Однапред се знае дека Германија е дел од групата Ц, а Норвешка од Д, а бидејќи двете селекции се во вториот шешир како и Македонија, јасно е дека нашата репрезентација ќе игра или во Австрија (Грац или Виена) или во Шведска (Малме или Гетеборг).

Изненадувачки место меѓу носителите доби Чешка, поради добриот пласман на последното ЕП, па јасно е дека стариот познаник ќе биде главна желба на нашата репрезентација кога станува збор за потенцијалните ривали од првиот шешир.

ШЕШИР 1: Шпанија, Шведска, Франција, Данска, Хрватска, Чешка.

ШЕШИР 2: МАКЕДОНИЈА, Норвешка, Словенија, Германија, Унгарија, Белорусија.

ШЕШИР 3: Австрија, Исланд, Црна Гора, Португалија, Швајцарија, Латвија.

ШЕШИР 4: Полска, Русија, Србија, Украина, БиХ, Холандија.

Се вчитува...