Македонија доби казна од УЕФА за исвиркувањето на англиската химна во квалификациите за ЕП 2024

Фудбалската федерација на Македонија доби парична казна од УЕФА поради недолично однесување од дел од трибините за време на интонирањето на химната на Англија на ноемврискиот натпревар во Скопје од квалификациите за ЕП 2024.

Како што информира УЕФА – „Македонија е казнета затоа што е исвиркана националната химна на Англија за време на натпреварот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје кој се одигра на 20 ноември“. Поради тоа, според членот 16, ФФМ ќе треба да плати казна од 15.000 евра.

Македонија ремизираше (1-1) со Англија на крајот од квалификациите за ЕП 2024.

Се вчитува...