Македонската ракометна репрезентација ќе игра во Групата Б во Виена на Европското првенство кое во јануари следната година се одржува во три земји, Норвешка, Шведска и Австрија.
Ждрепката во Виена сакаше Македонија, која беше во вториот квалитативен шешир пред ждрепката, да се најде во група со најпосакуваната селекција од првиот квалитативен шешир Чешка, домаќинот Австрија и Украина.
Интересна ќе биде балканската Група А во Грац каде ќе бидат Хрватска, Белорусија, Црна Гора и Србија. Во Групата Ц во Трондхајм се Шпанија и Германија. Исклучително тешка група е Е во која се Данска, Унгарија, Исланд и Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА