Македонија добива фудбалер и во Лига 1: Елези потпиша за Каен!

Македонија сезонава добива свој фудбалер и во најсилната француска Лига 1, откако кадетскиот репрезентативец Агон Елези денеска потпиша договор со прволигашот Каен.

16-годишниот Елези, кој изминатава сезона настапуваше за Шкупи, потпиша четиригодишен договор со Каен, стартувајќи на тој начин своја интернационална кариера.

„Ја одбравме најдобрата фудбалска средина за Елези. И покрај понудите од Олимпијакос, Луго, ПАОК и Нант, сепак се одлучивме кариерата да ја продолжи во Каен каде добива одлични услови за свој фудбалски развој“ – вели менаџерот на Елези, Исак Арифи Ковачи, кој заедно со својот партнер Блерим Садиковски, го реализираа трансферот на младиот фудбалер.

elezi so kovaci

Елези, кој е играч од средниот ред, во моментов е незаменлив член и на младата репрезентација на Македонија за играчи до 17 години.

elezi vo kaen

Агон Елези ќе биде единствениот македонски фудбалер кој во моментов игра во Франција, во Лига 1. Во Втората лига во Франција, во редовите на Куевил Руен настапува потенцијалниот младински репрезентативец Калвин Н’Сомбо.

Се вчитува...