Македонија добива уште еден фудбалер во Ла лига

Шпанскиот прволигаш Депортиво Алавес е заинтересиран за услугите на стоперот на фудбалската репрезентација на Македонија, Дарко Велковски, пренесуваат медиумите на Пиринеите.

Ако Велковски премине во Алавес тој ќе биде четвртти Македонец во Ла лига, по Енис Барди во Леванте, Александар Трајковски во Мајорка и Столе Димитриевски во Рајо Валјекано.

На крајот на минатата сезона Велковски потпиша едногодишен договор со Ријека, а претходно се поврзуваше и со трансфер вреден 800.000 евра во грчки Панатинаикос.

 

Се вчитува...