Македонија домаќин на Балканското првенство во џудо

Во организација на Џудо Федерацијата на Македонија, викендов Скопје и Македонија ќе бидат домаќин на Балканското првенство во џудо за сениори, постари од 15 години.

Почетокот на борбите во машка и женска конкуренција е закажан за утре од 10 часот, во спортската сала „Форца“ во Скопје. Свеченото отворање на првенството е во 16 часот, а веднаш по завршувањето на церемонијалниот дел ќе стартуваат финалните борби на кои ќе бидат познати и носителите на медали.

Вториот ден од првенството е предвиден за тимските натпревари кои ќе започнат исто така во 10 часот.

На првенството ќе настапат џудисти од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Србија, Романија, Косово, Турција и Македонија.

Се вчитува...