Македонија домаќин на ЕП за јуниори во кошарка

Македонија и во 2018 година ќе биде домаќин на едно европско првенство во кошарка за младинци, потврди ФИБА со одлука на Централниот одбор, со која и нашата земја беше вброена меѓу државите кои добија шанса да бидат организатори на континентален собир.

Македонската кошаркарска федерација ги пријави за учество и за организирање на првенствата до 16 години во машка и во женска конкуренција, мажи јуниори и мажи до 20 години, сите дивизија Б. Добрата репутација од досега организираните младински првенства помогна за да идното лето (2018 година) МКФ ја добие довербата од ФИБА за да биде организатор на јуниорското првенство за мажи (дивизија Б).

Првенството ќе се одржи во нашиот главен град, ќе започне на 27. јули, а ќе трае до 5. август.

Нашите кадетки ќе се натпреваруваат во Подгорица, од 16. до 25. август. Кадетите ќе настапат на Европското првенство (дивизија Б) кое ќе биде организирано во Сараево од 9. до 18. август. Младите кошаркари до 20 години ќе настапуваат во Софија од 13. јули до 22. јули.

Се вчитува...