Македонија домаќин на нов силен тениски турнир

Тениската Федерација на Македонија е домаќин на Светското првенство во тенис за мажи „DAVIS CUP Europe Group III“. Овој значаен турнир со репрезентативен карактер ќе се одржи во Тенискиот клуб ЈУГ во Скопје со почеток од 10. до 14. јуни 2025 година.

Покрај нашата репрезентација во борба за влез во погорната група ќе се сретнат и репрезентациите на Ерменија, Малта, Латвија, Црна Гора и Молдавија.

За нашата репрезентација учество ќе земат најдобрите тенисери Берк Бугариќ, Калин Ивановски, Амар Хусеиновиќ и младиот Кристијан Јанев.

„Среќни сме и задоволни што по четири години повторно сме домаќини на ова натпреварување. Подготовките одлично ги одработуваме. Очекувам да покажеме најдобар тенис и да ја минеме оваа група, сепак ние сме за повисок ранг во ова натпреварување. Во деновите кога се мечевите ќе дадеме се од себе, а воедно ги повикуваме сите кои се во можност да ни дадат поддршка за време на мечевите“, вели најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски.

Се вчитува...