Македонија е една од малкуте земји од Источна Европа кои ќе се обидат да ја спасат честа на овој дел од Стариот континент во обидот за пласман на Светското првенство 2026.
Според актуелната ситуација, веќе сосема извесно е дека директен пласман на Мундијалот следната година во САД, Канада и Мексико, ќе обезбедат дури 11 репрезентации од Западна Европа (Португалија, Шпанија, Франција, Германија, Англија, Австрија, Швајцарија, Белгија, Данска, Холандија и Норвешка), и само една од Источна Европа, селекцијата на Хрватска.
Во баражот, пак, ќе бидат најверојатно само пет репрезентации од Западна Европа, Италија, Шведска, С. Ирска, Шкотска и Велс, и 11 од Источна Европа, меѓу кои и Македонија.
За тежината на успехот на македонската репрезентација, која вторпат едноподруго се изборува за бараж за пласман на СП, и тоа е повеќе од сериозен податок, ако се знае дека во баражот, најверојатно, ќе нема место и за селекции како Србија, Грција, Финска, БиХ, Бугарија, Р. Ирска, Исланд….

Согласно статистиките, дополнителен показател за успехот на македонската репрезентација која 14 едноподруго натпревари изминативе години, под водство на Благоја Милевски, е без пораз на официјален натпревар, е и фактот дека Македонија е во десетте најмали земји во светот кои се со можност за пласман на Мундијалот 2026.
Од вкупно 198 земји од светот кои беа вклучени во квалификациските натпреварувања за пат кон САД, Канада и Мексико, Македонија е останата во десетте најмали земји во светот кои се надеваат на пласман на Светското првенство 2026.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

