Македонија е на СП: Чесите патат од комплекс „Борис Трајковски“

Македонија ќе игра на СП 2023 во Полска и во Шведска откако нашите ракометари во извонреден меч славеа над Чешка со 27-25. Слично како и на првиот дуел во Злин, повторно Македонија имаше водство во голем дел од натпреварот, но ладните нерви во клучните моменти овозможија да се радуваме на крајот. Филип Кузмановски го реализираше клучниот пенал што го изнуди одличниот Томи Јагуриновски, кој настапи на десен бек во завршните моменти, додека Кире Лазаров диригираше од клупата.

Чешкиот голман Мрква го отвори и денешниот реванш со одлична интервенција, запирајќи го зицерот на Пешевски. Гостинскиот чувар на мрежатаво шрвите пет минути собра четири одбрани, а гостите поведоа со 2-4. Македонија се разбуди во вистински момент, па со четири брзи гола предноста беше плус два за нашата репрезентација (6-4). Фуријата на „црвено-жолтите“ продолжи, па по првиот гол на Кире Лазаров за водство од 8-5 чешкиот селектор го побара првиот тајмаут на мечот.

Гостите за момент се стабилизираа, намалија на еден гол разлика, но Миркуловски имаше свое мини-шоу и ја врати предноста на три погодоци (12-9). Чесите не се откажаа, па го искористија исклучувањето на Младеновиќ за да се приближат на 13-12, пред Кузмановски да испрати проектил „низ уши“на Мрква. Митревски одбрани опасен шут на Чесите, Ојлески изнуди исклучување, но не ја искористивме предноста од играч повеќе, па на одмор заминавме со водство од 14-12.

Вториот дел почна со исклучување на Талески, но благодарение на одличниот Филип Кузмановски ја вративме предноста од „плус три“ (17-14). Кузмановски беше најрасположен на стартот од второто полувреме, постигна фантастичен гол од полуконтра, потоа изнуди и пробивање во одбраната, за Пешевски да реализира во 41. минута за прво водство од четири гола за Македонија, од 20-16 и нов тајмаут на гостинскиот селектор Сабате. Чешка набрзина намали на 20-18, имаше и два напади за „минус еден“, но Митревски беше одличен на нашиот гол. Талески со ефектен гол од контранапад ја прекина мини-серијата на Чесите, неколку минути гсе играше гол за гол, за при 24-21 да не искористиме зицер од контранапад преку Филип Кузмановски.

Бабак биеше прецизно на спротивната страна, за 24-22, резултат при кој Кире Лазаров побара тајмаут. Во најлош можен момент за нас се разбрани Мрква, со два запрени удари на Кузмановски на Атанасијевиќ. Талески доби исклучување на спротивната страна, но Митревски со феноменална интервенција со глава запре зицер на еден од гостинските ракометари. а на спротивната страна со нов гол блесна денеска одличниот Јагуриновски. Во последните пет минути се влезесо резултат 25-23, но Чесите погодија преку пикер и намалија на само еден гол-разлика.

Кузмановски изнуди исклучување од Кашпарек, но и згреши на спротивната страна, по што Чешка доби напад за изарамнување, но одбраната издржа , па Лазаров при 25-24 го побара последниот тајмаут на натпреварот. Талески ја презеде одговорноста и стрелаше прецизно, носејќи „плус два“ на две минути до крајот . Чесите реализираа, но Јагуриновски изнуди пенал при последниот напад на Македонија, што Кузмановски го претвори во конечните 27-25.

Се вчитува...