Македонија ги дозна сите шест можни ривали во баражот за СП!

Македонскиот национален тим ги дозна сите шест селекции кои може да се паднат во баражот на патот кон Мундијалот во Катар.

Португалија и Италија се најзвучни имиња меѓу носителите во баражот, и со нив навистина ќе биде тешко да се игра, а меѓу носителите, а воедно и потенцијални ривали на Македонија се и селекциите на Шкотска, Русија, Шведска и Велс.

Задачата може да биде многу тешка, но може да биде и олеснета со некоја селекција како што се Шкотска или Велс…

Во групата неносители покрај Македонија, се најдоа и Турција, Полска, Украина и двете селекции од Лигата на Нации Чешка и Австрија.

Баражите се играат во март идната година, а ждрепката е на 26 ноември. Се играат два натпревари – полуфинале и финале. Победниците одат на Мундијалот во Катар.

Се вчитува...