Македонија ги дознава ривалите за Лигата на Нации: Да се избегне Шведска…

Македонската фудбалска репрезентација денеска во 18 часот ќе ги дознае противниците за новото издание на Лигата на Нации, на ждрепката што УЕФА ќе ја изврши во Париз.

Нашата национална селекција повторно ќе биде дел од Лигата Ц, откако со обезбедениот пласман на ЕВРО 2020 обезбедивме и промоција од Лигата Д во повисок ранг на натпреварување.

Македонија ќе биде дел од третиот шешир и за противник сигурно не може да ги добие Словачка, Северна Ирска или Кипар. Во однос на потенцијалните ривали, најсилна репрезентација барем на хартија е Шведска, која ќе биде еден од носителите заедно со Романија, Ерменија и со селекцијата на Луксембург.

Со натпреварување во Лигата на Нации се почнува од 5 септември 2024 и ќе трае до 19 ноември 2024 години, со по две средби закажани за септември, октомври и ноември годинава.

Пропозициите остануваат исти, победниците од секоја група ќе обезбедат промоција во Лигата Б, додека второпласираните селекции ќе играат бараж за влез во повисокиот ранг на натпреварување. Двете најслаби четвртопласирани селекции од Лигата Ц директно испаѓаат во Лигата Д, додека двете подобри четвртопласирани репрезентации (од табелата на последнии) ќе играат бараж за опстанок против второпласираните репрезентации од Лигата Д.

ЛИГА Ц

ШЕШИР 1: Романија, Шведска, Ерменија, Луксембург.

ШЕШИР 2: Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарски Острови.

ШЕШИР 3: МАКЕДОНИЈА, Словачка, Северна Ирска, Кипар.

ШЕШИР 4: Белорусија, Естонија, Летонија, Литванија/Гибралтар.

Се вчитува...