Македонија и без Јакимовски на претквалификацискиот олимписки турнир

Македонската кошаркарска репрезентација ќе биде и без Андреј Јакимовски на претквалификацискиот олимписки турнир кој од 12. до 20. август ќе се одржи во Талин, Естонија, и Гљивице, Полска.

Македонија под водство на селекторот Александар Јончевски денеска во СЦ „Борис Трајовски“ ги стартува подготовките за овој турнир, на кој ќе биде без Бојан Крстевски и Андреј Јакимовски, кој поради обврски во Америка не може да се стави на располагање на националниот тим.

Како што е познато, најдобрите македонски репрезентативци Ненад Димитријевиќ и Ти-Џеј Шортс ќе бидат дел од овие претквалификации, но на подготовките ќе се приклучат од следната недела.

Првиот меч на турнирот во Талин, Македонија го игра на 12. август против Израел, а на 13. август е дуелот со Естонија. На 15. август е мечот против репрезентацијата на Чешка.

Се вчитува...