Македонија го чека ривалот во баражот за СП: Трнлив ќе биде патот до Египет

Македонската ракометна репрезентација вечерва (19 часот) ќе го дознае противникот во баражот за СП 2021, во кој „црвено-жолтите“ ќе се обидат да го задржат континуитетот од настапи на големите натпреварувања.

Македонија беше дел од СП 2013 во Шпанија, потоа и на СП 2015 во Катар, СП 2017 во Франција и СП 2019 во Германија и Данска, но патот до претстојниот мундијал ќе биде многу потежок бидејќи селекторот Брестовац и неговите избраници нема да бидат носители на ждрепката.

Ова практично значи и добивање на многу потежок противник од вообичаено. Меѓу потенцијалните ривали на Македонија се Франција, Германија, Шведска, Словенија… а барем на хартија најлесен противник би ни биле Белорусија и Чешка.

НОСИТЕЛИ: Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција.

НЕНОСИТЕЛИ: Македонија, Швајцарија, Холандија, Црна Гора, Украина, Србија, Турција/Русија, Романија/БиХ, Полска/Литванија, Израел/Летонија.

Се вчитува...