Македонија го има најмладиот навивач, а Миркуловски најголемата поддршка

mec baner

Успехот е посладок кога се слави заедно со семејството. Тоа го знае секој спортист. Секој напор и секој жртвуван ден, месец, година, добиваат поинаква смисла со поддршка од најблиските. Филип Миркуловски се врати да и помогне на македонската репрезентација на СП во Франција, а во Мец ја има најверната публика. Поддршката од трибините доаѓа од целото семејство. Во Мец допатуваа и неговата сопруга Благица и двете ќеркички, Јована и Ања. Помалата Ања има само десет месеци, но веќе е навикната на ракомет и ужива на трибините. И додека Јована е веќе верна поддршка за тато Филип и за македонската репрездентација, Ања почнува од Мец. Прво светско првенство уште пред првиот роденден…

mirkulovski 1

Ања уште од три недели е на натпревари, во Вецлар постојано ја носиме. Но, со Македонија ова и се први натпревари. Дојдовме на мечот со Словенија, ама не го виде татко и, бидејќи стигнавме во второ полувреме, а тој беше повреден. Сега прв пат го гледа во дресот на Македонија. Јована веќе е верен навивач на секој натпревар. Но, мислам дека нема да сака да игра ракомет. Таа повеќе е индивидуалец. Многу се нервира, се лути кога губи и тука е иста на тато Филип“ – со насмевка вели Благица Миркуловска и додава дека сите заедно уживаат кога се на трибините. А, таму покрај другите членови на семејството, навиваат заедно и со сопругата на Филип Лазаров, Билјана и неговиот син Милан.

mirkulovski lazarovi

Колку и да е напорно тие сепак допатува во Мец да ја бодрат македонската репрезентација.

„Овде сме уште за натпреварот со Исланд. За втора фаза е малку покомплицирано да се селиме со мали деца. Ќе ги бодриме пред ТВ“

А, кога станува збор за резултатите, Благица е голем оптимист. Вели, Филип ми ја пренесува таа енергија.

Јас сум многу оптимист затоа што Филип ми ја пренесе таа енергија, дека атакуваат на победи. Се надевам, очекувам, да успеат. Познавајќи го Лино Червар како стратег, мислам дека ако не на ова првенство, на наредното сигурно ќе има некој поголем успех“ – вели сопругата на Филип Миркуловски.

mirkulovski 3

Со насмевка ни открива и како паднала одлуката Филип да се врати во репрезентацијата. Дилемата повеќе заеднички моменти со семејството или репрезентацијата брзо била решена. И најдено е најдоброто решение за сите – Филип на терен со македонската репрезентација, а семејството со поддршка на трибините.

mirkulovski4

„Во прв момент кога Филип се откажа од репрезентација бев среќна . Си реков, ајде барем ќе имаме малку лето малку зима да бидеме повеќе заедно. Ќе нема натпревари, па ќе може заедно со децата да отидеме на зимски одмор. Но, кога помина ноември и натпреварите што ги играше Македонија во квалификациите, ми беше некако жал што не е со репрезентацијата, со другарите. И сега, кога прифати пак да се врати, навистина бев пресреќна. Знам дека ќе ги одложиме заедничките одмори, но, ова чувство што е тука да игра за Македонија и ние да навиваме, е посебно и не се споредува со ниеден одмор. Ова сепак нема цена. Кога знаеш дека игра за Македонија, помага за репрезентацијата…ние сме тука да го подржиме и да навиваме. Ова за него сепак, е нешто неповторливо.“ – вели Благица.

Филип е среќен што има ваква поддршка и вакви навивачи на трибините. А денеска има и посебен мотив  затоа што на Благица денеска и е роденден, а малата Ања денеска полни десет месеци. Убави моменти на убав ден.

Се вчитува...