Македонија ѝ го нанесе на Ерменија еден од највисоките домашни порази во мундијалски квалификации

Македонскиот национален тим вчера со Ерменија триумфираше со 0:5 во Ереван. Тоа беше израмнување на рекордниот пораз на Ерменците на домашен терен во едни Мундијалски квалификации.

До пред мечот со Македонија, Ерменија на домашен терен има пораз со истиот резултат од Романија во квалификациите за СП 2018, а во истите квалфикации беа поразени дома и од Полска со 1:6.

Најтешкиот пораз Ерменија го доживеа во 2019 година во Палермо, кога беа совладани со 9:1 од Италија.

Се вчитува...