Македонија го одработува последниот тренинг пред заминувањето во Палермо (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација денеска го одржа последниот тренинг пред заминувањето за Палермо, предвидено за попладнево во 17 часот од скопскиот аеродром. Одлучено е тренингот на фудбалерите пред патувањето во Италија да биде затворен за медиумите.

Ова ќе биде втора подготовка за Македонија, а утре ќе се одржи и официјалниот тренинг на стадионот „Ренцо Барбера“. Натпреварот се игра во четврток во 20:45 часот.

Засега никој не се жали на повреда, сите ќе бидат во комбинација за дуелот со Италија. За потсетување дека Елмас и Костадинов нема да може да играат поради картони.

Се вчитува...