Македонија ЃП го претстави Лука Трајкоски како ново засилување

Македонскиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров официјално го претстави второто засилување во овој летен преоден рок. „Лавовите“ се подготвуваат за настап во квалификациите за Лигата на Европа, а по Ермедин Адем, претставен е и крилниот напаѓач Лука Трајкоски (19) кој дојде од Победа.

„Среќен сум за моето доаѓање во Ѓорче и се чувствувам одлично во новата средина. Задоволен сум од она што го видов досега, од тоа како клубот е организиран и функционира и се’ укажува на тоа дека како млад играч ќе имам шанса на напредувам. Ветувам дека ќе дадам се’ од себе и достојно ќе ги носам боите на овој дрес”, изјави Лука Трајкоски.

Се вчитува...