Македонија ЃП и Беса ремизираа во последната контрола пред пролетниот дел од сезоната

Фудбалските клубови во Македонија денеска и утре ќе ги одиграат последните контролни натпревари пред пролетниот дел од сезоната во домашните шампионати.

Прволигашот Македонија Ѓорче Петров одигра реми 1-1 против второлигашот Беса во последната контрола на двата тима кои во пролетниот дел од сезоната ќе имаат различни цели. Лавовите ќе водат голема битка за опстанок, додека Беса ќе напаѓа историски влез во елитата.

Стрелец на голот за Беса беше Скендери, додека за ѓорчепетровци Џонатан Балотели.

Се вчитува...