Македонија ЃП ја „полни“ мрежата на Академија Пандев, сите три гола од противнапади (ВИДЕО)

Се очекуваше натпреварот во Ѓорче Петров помеѓу Македонија ЃП и Академија Пандев да биде крајно неизвесна, со оглед дека станува збор за два тима кои што се во добра форма. Меѓутоа тоа нема да се случи, затоа што во 50. минута Македонија ЃП постигна и трет гол, поведувајќи со 3-0.

Матеус еднаш и два пати Воша погодија во мрежата на Јовановски за убедлива предност на Македонија ЃП која е најблискуи до победа. Треба да се случи големо чудо за Академија Пандев да спаси нешто во последните 35 минути од мечот. Сега ѓорчепетровци треба мирно да ја чекаат шансата од противнапади, а Академија Пандев да фрли веќе се во напад за да се спаси од пораз, иако тоа тешко ќе се случи.

Се вчитува...