Фудбалерите на Македонија ЃП ремизираа (3-3) против суперлигашот од БиХ, екипата на Сараево, на пријателскиот натпревар во Умаг.
„Лавовите“ први поведоа на натпреварот со погодокот на засилувањето Балотели уште во 9. минута од средбата.
Но, потоа следеше пресврт на Сараево, кој со три гола дојде до водство од 1-3. Пенаранда постигна ефектен гол во 29. минута за 1-1, Зиљкиќ во 47.минута зголеми на 1-2 а Анџушиќ во 72. минута донесе 1-3.
Сепак, веќе во 74. минута Фазли постигна гол за Македонија ЃП за 2-3, а конечните 3-3 се запишани во 82. минута со голот на Павишиќ.
На голот на Сараево беше и повремениот македонски репрезентативен голман Дени Илиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА